Вести Свет Топ вести

Најмалку 22 загинати во шумските пожари во Чиле

Десетици шумски пожари што беснеат во Чиле ја принудија владата од вчера да ја прошири наредбата за итни случаи и во друг регион, бидејќи жешкиот летен топлотен бран ги комплицираше напорите да се стават под контрола пожарите кои досега однесоа најмалку 22 животи.

Вонредната состојба што ја прогласи Министерството за внатрешни работи сега го покрива регионот Ла Арауканија, јужно од претходно прогласените региони Биобио и соседниот Нубл, лоциран во близина на центарот на долгиот пацифички брег на јужноамериканската земја. Во трите региони има многу фарми и шумско земјиште.

Хеликоптер за итни случаи во петокот се урна во Ла Арауканија, при што загинаа пилотот и механичарот, соопштија официјални лица.

Властите објавија дека 11 жртви, или половина од досега пријавените, загинале во градот Санта Хуана, во регионот  Биобио, што се наоѓа на околу 500 километри јужно од главниот град Сантијаго.

Од крајот на минатата недела, хеликоптери со средства за гаснење од воздух се обидуваат да ги локализираат пожарите, што ги затскриваат патиштата со чад, додека пожарникарите и локалните жители се обидуваат да го сторат истото од земја.

Наредбите дозволуваат распоредување на војници и дополнителни ресурси за справување со природна катастрофа.

Според официјалните податоци објавени доцна во петокот, во пожарите изгореа околу 40.000 хектари, површина поголема од американскиот град Филаделфија.

Националната шумска агенција КОНАФ вчера информира дека активно гаси 80 од вкупно 231 пожар, додека 151 од нив се под контрола.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе