Вести Македонија Топ вести

Вториот човек на Руската црква денеска во Скопје, утре со поглаварот Стефан ќе сослужуваат на литургија во Лесновскиот манастир

Честитка за Божиќ и за именденот на г. г. Стефан била причината за првата посета на рускиот митрополит Антониј на МПЦ-OA.

Директорот на одделот за меѓународни односи на Руската православна црква, дошол во МПЦ-OA да ги пренесе честитките и братските поздрави од рускиот патријарх на поглаварот на г. г. Стефан.

Митрополитот Антониј, беше придружуван од неговиот заменик Николај Балашов и од рускиот амбасадор во земјава Сергеј Бездникин, а пречекан од членови на Синодот на МПЦ-ОА.

Портпаролот на синодот на МПЦ-ОА, Владиката Тимотеј порача дека ова не било никаква посебна средба и митрополитот бил тука за пријателски разговор и да пренесе честитки, а посетата не се криела.

  • „Во отсуство на детали, во моментов можам да изразам само полна доверба кон дипломатската активност на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и САС на МПЦ-ОА, која докажано е продуктивна, прецизна и долгорочна“, изјави за Телма  директорот на Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски.

Предвидено е г.г. Стефан и митрополитот Антониј, утре заеднички да сослужуваат на архијерејска литургија во Лесновскиот манастир.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожар близу границата со Грција, се слуша пукање на муниција, опсаност и од неиспукани гранати

Дејан Дејан

Ангела Меркел ја критикува политиката на германската Влада кон барателите на азил

Дејан Дејан

Обвинителството отвори постапка за фалсификати во Чаир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе