Вести Македонија Топ вести

Украина врвен приоритет и на македонското претседателство со ОБСЕ

Врвен приоритет и на македонското претседателство ќе биде војната во Украина. Но, ОБСЕ се соочува и со криза на идентитетот, откако Русија стави вето на продолжувањето на набљудувачката мисија во Украина и по осум години таа беше завршена.

Оваа воена криза е предизвик за функционалноста на ОБСЕ и од политички и од административен аспект и поради неможноста да се постигне консензус, но и да се донесе буџетот за годинава, не само поради ветото од Русија, туку и поради замрзнатиот конфликт меѓу Ерменија и Азербејџан, кои не успеваат да се усогласат за одредени буџетски ставки.

На брифинзите одржани во седиштето во Виена, дипломат од американската амбасада во ОБСЕ, рече дека сепак, се бараат креативни начини да се помогне, да се реализираат проекти, а се документира и се што се случува. Според украинскиот претставник, дијалогот со Русија засега е невозможен.

  • Македонија како претседавач ќе треба да најде начин повторно да ја врати Организацијата во Украина. Османи веќе порача дека, ако Русија сака суштински дијалог, ќе мора да ги почитува принципите на ОБСЕ.

Меѓу приоритетите на македонското претседателство ќе бидат и замрзнатите конфликти и спречувањето на нивна ескалација, сигурноста на границите, сајбер безбедноста,  енергетската безбедност и безбедноста на храната и водата, што како последица на војната се наметнуваат како теми и врз агендата на ОБСЕ. Овие приоритети министерот за надворешни работи ќе ги претстави утре, на седница на Постојаниот совет на ОБСЕ, организација во која членуваат 57 држави од три континенти.

Фокусот на македонското претседателство ќе биде и врз економијата, животната средина, дигитализацијата, климатските промени, човековите права и слободи.

Далиборка Демјанска Цветановска за Вестите на ТВ Телма се јави од Виена

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожар близу границата со Грција, се слуша пукање на муниција, опсаност и од неиспукани гранати

Дејан Дејан

Ангела Меркел ја критикува политиката на германската Влада кон барателите на азил

Дејан Дејан

Обвинителството отвори постапка за фалсификати во Чаир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе