Вести Македонија Топ вести

Не е обезбедено рационално и ефикасно користење на водите за наводнување, констатирал Државниот завод за ревизија во извештајот

Донесените политики и превземените мерки од надлежните органи и вршители на водостопанска дејност не обезбедуваат рационално и ефикасно  користење на водите за наводнување и добро управување со системите за наводнување. Ова го утврдиле од Државниот завод за ревизија во извештајот објавен денеска, а се однесува на периодот 2019-2021 , но и пред и потоа.АД Водостопансво наводнувало 20 % помалку површини од планираните, несразмерно планирало големи количини вода, а прикажувало уште поголеми потрошени количини со што предизвикало загуби на приход од 3, 6 милиони евра.А,вкупните загуби на вршителите на водостопанска дејност од последниве 3 години изнесуваат над 20 милиони евра.

Иако со државниот буџет биле планирани 92, 2 милиони евра, а од кредити  193 милиони евра за изградба на повеќенаменски хидросистеми и за реконструкција на системите за наводнување,  запоставено е одржувањето на постојните , застарени и делумно функционални  системи. Поради тоа 2/3 од земјодејските површини  се наводнуваат надвор од системите или не се фактурираат што влијае за пониски приходи на вршителите на водостопанска дејност и на буџетот на државата зашто за такво наводнување не се наплаќа воден надомест или надомест за водно право за наводнување, констатирале ревизорите во извештајот. Според нив, поради ненавремено започнати активности и бавна динамика, платени се провизии за неискористени средства од кредити во износ од 272 илјади евра.Цените по кои се фактурира услугата за наводнување не обезбедуваат одржливост, а воспоставениот начин на фактурирање не овозможува наплата на надоместоците, стои во извештајот.

  • Извештај на Државниот завод за ревизија: Во АД Водостопанство во 2019 и 2021 година несразмерно се планирани високи количини на вода , а се прикажани уште поголеми, потрошени количини над потребните за наводнување на планираните површини што доведува до загуба на вода , односно изгубен приход од најмалку 3, 6 милиони евра, а истовремено и до прекумерно исцрпување на водните ресурси.

На Водостопанство, ревизорите му забележуваат дека наводнува околу 20% помалку површини од планираните, но и дека заклучно со 2021 година не извршило уплати во буџетот како надоместок за користење вода по повеќе основи , во висина од 30,15 милиони денари. Поради тоа за дел од обврските со Министерството за животна средина е склучена спогодба за условно плаќање глоба. Но, и понатаму не се врши уплата на обврските за надоместокот, стои во извештајот. Потребна е итна санација на дел од браните со кои управува Водостопанство кои подолг период не се обновени и не се следи нивната сигурност, велат ревизорите.

  • Извештај на Државен завод за ревизија: Вршителите на водостопанска дејност прават загуби кои во последниве три години изнесуваат над 20 милиони евра. ЈП Стрежево има исплатено околу 1 милион евра за штети, а Водостопанство води судски постапки за штети во износ од околу 2, 3 милиони евра.

Ревизорот констатирал и нерамноправна распределба на средства и низок степен  на реализација на проектите од Планот за инвестирање  во водостопанската инфраструктура  за периодот од 2015 до 2025 година, со кој се предвидени инвестиции во износ од над 323 милиони евра.Од вкупно договорени инвестиции од 5, 7 милијарди денари, до јуни минатата година се исплатени само 16% од предвидените, стои во ревизорскиот извештај.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангела Меркел ја критикува политиката на германската Влада кон барателите на азил

Дејан Дејан

Обвинителството отвори постапка за фалсификати во Чаир

Дејан Дејан

СЗО: Осаменоста предизвикува многу болести кај луѓето

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе