Вести Македонија Топ вести

Трансформаторот монтиран, Блок 3 во РЕК Битола ставен во функција по 366 дена

Блок 3 на РЕК Битола е ставен во функција, информираат од ЕСМ. Вчера попладне, во 17:35 часот, како што се наведува во соопштението на компанијата, блокот е синхронизиран со македонскиот електроенергетски систем и испорачува електрична енергија.

„Монтажата на новиот трансформатор на блокот заврши успешно, но стручни лица од РЕК Битола и од производителот будно ја следат работата на постројката со цел повторното вклучување во системот да помине во најдобар ред. Блок 3 на РЕК Битола повторно е вклучен во работа по 366 дена, откако во ноември 2021 година неговиот трансформатор беше оштетен во пожар предизвикан од надворешен фактор. Новиот трансформатор на Блок 3 го изработи турската компанија „Астор“. Во исто време, трансформаторот кој беше оштетен во пожарот, се наоѓа на репарација во специјализирана фабрика во Република Србија и се очекува наскоро и тој да пристигне во РЕК Битола каде ќе се чува како резерва за евентуални слични непријатни ситуации во иднина“, соопштуваат од ЕСМ.

Со вклучувањето на Блок 3, РЕК Битола работи со полн капацитет. Последен пат комбинатот работел со сите три блока во грејната сезона 2019/2020 година, односно од февруари до март 2020 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топлотен бран ја гори Европа

Дејан Дејан

Здружението на лекари по општа-семејна медицина бара реформи во примарното здравство

Дејан Дејан

Kаде ќе бидат префрлени повеќе пари за плати со ребалансот на буџетот?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе