Вести Свет Топ вести

Бугарите го испратија воениот брод „Св. Кирил и Методиј“ на научни истражувања кон Антарктикот

Првиот бугарски воен брод за научни истражувања „Св. Свети Кирил и Методиј“ денеска отплови од Варна кон Антарктикот. Свеченоста за неговото испраќање беше на Поморската станица, јави дописникот на МИА од Софија. Предводник на 31-та бугарска експедиција на Антарктикот е проф. Христо Пимпирев.

Нејзините учесници ќе спроведат серија проекти на островот Ливингстон, каде што се наоѓа бугарската база на Антарктикот. Меѓу нивните задачи ќе биде да го истражат дното околу островот и присуството на флора и фауна во нив. Бугарските истражувачи ќе продолжат да ја истражуваат земјата за наоѓалишта на минерали.

Капетан на бродот е Николај Данаилов, а екипажот го сочинуваат 26 лица, меѓу кои има и тројца кадети од Вишата поморска школа во Варна. Патувањето ќе биде околу 130 дена, а 40 дена ќе бидат потребни за да се стигне до островот Ливингстон.

Работата на експедицијата ќе ја следат тројца новинари од бугарските медиуми. Бродот „Св. Кирил и Методиј“ е во сопственост на конзорциум чии членови се Вишата поморска школа на Бугарија, Софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“ и Бугарскиот антарктички институт.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе