Вести Македонија

Цената по која ЕСМ ќе ја продава струјата е затворена во плик, Ковачевски не ја открива

Која цена на мегават час струја ЕСМ ќе ја достави на тендерите на ЕВН Хоум, Елекстродистрибуција и МЕПСО останува тајна.

Цената вчера беше формирана на затворена седница на Владата и од неа зависат пресметките на Регулаторната Комисија и тоа дали и колку ќе поскапи струјата која ќе ја плаќаат граѓаните и сите кои се на регулираниот пазар.

Она што е познато е дека производствената цена на мегават час на ЕСМ е околу 73 евра.

Трите тендери истекуваат заклучно со понеделник а најавите се дека следната недела треба и Регулаторна да излезе со финалните калкулации.

Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, денеска повтори дека не очекува покачување на цената на струјата за граѓаните.

Тој додаде дека е можно да има поевтина струја за ранливите категории и во првиот и вториот тарифен блок но и повисока цена за големите потрошувачи односно во четвртиот тарифен блок.

Во моментов сите капацитети на ЕСМ се во погон и со максимален капацитет освен третиот блок на РЕК Битола за кого се очекува набрзо да биде пуштен во погон.

Ковачевски соопшти дека ЕСМ годинава ќе произведе струја според планираното и за 25 отсто повеќе од минатата 2021 година, која беше со најмало производство во последната декада.

За наредната 2023 година планирано е капацитетите на ЕСМ да произведат 5.045 гигавати струја односно 20 повеќе од оваа година.
За таа цел договорени се набавки на 600 илјади тони јаглен од Грција по цена од 69 евра, 400 илјади тони од Албанија по цена од 67 евра и 250 илјади тони јаглен од Косово за ТЕЦ Осломеј.

Исто така од фирмата РКМ ќе се купуваат дополнителни 180 илјади тони мазут за ТЕЦ Неготино која идната година треба да работи 10 месеци.

Кога станува збор за набавките на струја за да се покријат потребите, ЕСМ досега годинава потрошило 141 милион евра од планираните 270 милиони евра.

Ковачевски соопшти дека прекини во снабдувањето со струја како и топлинска енергија за Скопје нема да има.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Русите се подготвуваат да ја продолжат војната, игнорирајќи ги сите мировни предлози

Дејан Дејан

(Видео)Овие институции одново ги убија нашите деца – порачаа родителите на загинатите во пожарот

Дејан Дејан

Препораки за безбедно учество во сообраќајот во пресрет на летната туристичка сезона

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе