Вести Свет

Ева Каили останува во затвор уште една седмица

Поранешната потпретседателка на Европскиот парламент Ева Каили, обвинета во Белгија за корупција, ќе остане во затвор најмалку до 22 декември, објавија денеска белгиските медиуми.

Причината за тоа е денешниот штрајк во затворот во кој е сместена Каили, така што не и е обезбеден превоз до Судот што требаше да и се изрече мерка притвор.

Останатите обвинети во случајот се појавија пред Судот и нивните одлуки се очекува да бидат соопштени во текот на денот.

Европските медиуми синоќа објавија дека Каили е преместена од затворот „Сен Жил“ во Брисел изграден пред речиси 140 години, во новоизградениот затвор во Харен каде условите се далеку подобри. Трансферот на затворениците од двата стари затвора во белгиската престолнина во новиот објект започна пред неколку дена и Каили е меѓу првите кои се префрлени во подобри затворски услови.

Белгиските медиуми прецизираат дека во текот на истрагата за корупција и лобирање во корист на Катар биле откриени повеќе од 1,5 милиони евра во кеш. Некои од сноповите евра пронајдени во домот на Каили и во куферот на нејзиниот татко биле повлечени од банка во Белгија. Се очекува тие индиции да придонесат за забрзување на истрагата оттаму што ќе помогнат во утврдувањето кој ги повлекол средствата и од која сметка.

Европарламентот претходно оваа недела ја суспендираше Каили од функцијата.  Претседателката на ЕП, Роберта Мецола, по случајот истакна дека Европа не е на продажба и се заложи виновните во целост да одговараат за своите постапки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Успешно опериран колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе по обидот за атентат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе