Вести Свет

Де Сантис води во анкетите пред Трамп како можен претседателски кандидат на републиканците

Гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, има предност од 23 поени пред поранешниот претседател Доналд Трамп во анкетата на потенцијалните републикански кандидати за следните претседателски избори во САД во 2024 година.

Денеска објавените резултати од заедничката анкета на Универзитетот Сафолк и Ју-Ес-Еј Тудеј покажаа дека Де Сантис доби значително поголема поддршка од гласачите, меѓутоа, во друга анкета спроведена од агенцијата „Морнинг Консултантс“ (Мorning Counsel) Трамп има предност од 18 поени пред Де Сантис, пренесува лондонски Гардијан.

Дејвид Палеологос, директор на Центарот за политички истражувања на Универзитетот Сафолк, во интервју за „Ју-ес-еј Тудеј“ вели дека републиканците и независните конзервативци „сè повеќе го посакуваат Трампизмот, но без Трамп“.

Анкетата покажа и дека во еден имагинарен реванш со Трамп, актуелниот американски претседател, Џо Бајден, ќе победи на изборите со разлика од седум отсто, 47 наспроти 40 отсто, додека Де Сантис би го победил Бајден со разлика од четири отсто, 47 наспроти 43 проценти.

Бајден (80) изјави дека за време на божиќните празници ќе донесе одлука дали ќе се кандидира и на следните избори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Успешно опериран колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе по обидот за атентат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе