Вести Свет

Европскиот парламент ќе гласа за прекин на работата со Катар поради истрагата за корупција

Европскиот парламент утре треба да гласа за тоа дали да  прекине каква било работа со Катар, откако сега поранешната потпретседателка Ева Каили беше уапсена поради обвиненија за корупција, јави ДПА.

Европскиот парламент … ја суспендира целата своја работа на законодавните досиеја во врска со Катар, особено во врска со визната либерализација и планираните посети, додека сомнежите за корупција не бидат потврдени или отфрлени, се наведува во нацрт документот, до кој увид имала германската агенција.

Во текстот, додава ДПА, се бара и формирање на независно тело за етика.

Дополнително, на располагање треба да се стават повеќе персонал и пари за подобро следење и проверка на претставниците кои аплицираат или се дел од регистарот за лобирање на ЕУ, што, исто така, треба да се прошири и на претставници на трети земји, се додава во предлогот.

Нацрт документот, што се очекува да мине во ЕП, сè уште може да биде изменет пред да биде ставен на гласање.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Успешно опериран колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе по обидот за атентат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе