Вести Свет

Потрошувачката на гас во Франција од 1 август е намалена за 10,5 отсто

Потрошувачката на гас во Франција е намалена за 10,5 отсто од 1 август, покажуваат корегираните податоци по првата неделна зимска контрола, објавена денеска од операторот на мрежата за пренос на гас ГРТгас.

Во необработени податоци, падот на потрошувачката на гас во Франција е 12,4 отсто во однос на 2018 година, земена како референтен период, ако се земат предвид многу благите месеци октомври и ноември, кои го одложија почеток на греењето, јави дописникот на МИА.

Во корегираните податоци забележаниот пад е резултат на падот на потрошувачката кај корисниците приклучени на дис трибутивните мрежи (-14,1 отсто) и уште повеќе од помалата потрошувачка на гас од страна на големите индустријалци поврзани на преносната мрежа (-22,1 отсто), наведе ГРТгас заклучно до 11 декември.

Според ГРТгас, меѓу 1 август и 11 декември за падот на потрошувачката на гас најмногу придонеле секторите: хемиска индустрија (-25 отсто), рафинирање/петрохемија (-33 отсто), земјоделско-прехранбени (-17 отсто) и металургија (-27 отсто) .

Овој пад, со тоа што влијае врз сите категории потрошувачи, одразува промена во однесувањето на потрошувачите во насока на избрана трезвеност, смета ГРТгас. Но, овие бројки, исто така, откриваат трезвеност поради многу значајниот ефект на цената што значи дека производителите го намалија своето производство, па дури и прекинаа одредени произвосдства, изјави за француските медиуми генералниот директор на ГРТгас Тјери Фунд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски ја обвини СДСМ за некрофилија, најави епски проект за Кочани и рече дека извештајот во ЕП ќе биде изгласан

Дејан Дејан

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе