Вести Македонија Топ вести

Струја на јаглен во Македонија до 2031 година

Јаглен, гас, мазут, сонце, ветар или вода. Кои се енергенсите на кои ќе се темели производството на струја и енергетскиот систем во наредната декада. Државата има обврска, согласно Парискиот договор, до 2030 година да ги намали емисиите на стакленичките гасови за 51 отсто. Тоа е малку веројатно дека ќе се случи поради енергетско економската криза во регионот и Европа.

Македонија, како и повеќе држави во Европската унија (ЕУ), планира измени на националната стратегија за енергетика, согласно новонастанатите услови и високите цени на гасот и мазутот, па за да се заштити процесот на производство и капацитетите ќе го задржат јагленот како главен енергенс или пак се враќаат на него во производствениот процес.

Измените на националната стратегија кои во моментов ги подготвува ЕСМ и ќе ги достави до надлежните за разгледување и евентуално прифаќање предвидува пролонгирање на рокот за сукцесивно затварање на капацитетите кои користат јаглен, мазут и лигнит.

Работниот век на РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Неготино ќе се продолжи.

Во РЕК Битола се планира Блок 1 да се затвори во 2027 година, а блоковите 2 и 3 да престанат со работа во 2030, односно 2031 година. Дотогаш ќе се користи јаглен за производство кој во трите рудника кои го снабдуваат Комбинатот го има во резерва за наредните 15 години. Истовремено се планира во 2025 година да се изгради гасна когенеративна централа со капацитет од 250 до 400 мегавати која би го заменила производството на јаглен.

Постоечката национална страгетија која предвидува ТЕЦ Осломеј да се затвори наредната година ќе претпри измени и во овој дел. Новиот план е Осломеј да работи до 2026 година и во 2027 година да се затвори, а за таа цел се отвара уште еден рудник за јаглен „Гуштерица“ од каде што ќе се снабдува електраната. Паралелено треба да се постават две фотоволтаични централи кои би имале капацитет од околу 100 мегавати на час.

Во моментов државните капацитети за производството се десеткувани. ТЕЦ Неготино е во дефект, ТЕЦ Осломеј е во ремонт а РЕК Битола работи со два блока, па затоа ЕСМ почна со купување на струја за да ги задоволи потребите на регулираниот пазар на кој се домаќинствата, микро, малите и средни претпријатија, но и илјадници компании кои ги искористија недореченостите и се префрлија од слободниот на регулираниот пазар.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ликвидацијата на Хаменеи нема да го ескалира конфликтот, туку ќе го заврши, порачува Нетанјаху

Дејан Дејан

Иран сака прекин на огнот со Израел и продолжување на преговорите со САД, тврди „Волстрит Џурнал“

Дејан Дејан

МПЦ-ОА доби нов митрополит, но дали тоа ќе ги смири или уште повеќе ќе ги засили поделбите внатре во Црквата?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе