Вести Македонија

Бугарија го обвини Мицкоски за „непријателство“

Бугарското Министрество за надворешни работи реагираше на серијалот обвинувања од македонските политичари за обид за „геноцид„ на нашата нација, за обезличување, за уништување и слично, оценувајќи ги како крајно навредливи и непријателски кон нивната држава. Повод беше повикувањето на бугарскиот амбасадор во македонското МНР за да му се изрази протест поради именувањето на нашиот премиер како „северномакедонски“ од страна на Георги Горгиев.

-Денес, бугарскиот амбасадор во Македонија беше повикан во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија во врска со употребата на придавката „Северно – македонски“ во обраќањето на премиерот на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски.Истиот ден, премиерот на соседната земја упати крајно неприфатливи јавни навреди кон бугарскиот министер за надворешни работи. Во врска со ова, Министерството за надворешни работи на Република Бугарија го наведува следново:

Бугарскиот дипломат експлицитно нагласи дека во јавниот простор, официјалните власти на Република Северна Македонија систематски и намерно покажуваат недостаток на почит кон нашата земја. За време на средбата, бугарскиот амбасадор, исто така, ја изрази сериозната загриженост на Бугарија во врска со голем број остри, манипулативни и честопати навредливи изјави од високи претставници на власта во Република Северна Македонија, насочени и кон нашата земја и кон ЕУ. Особено е неприфатливо да наречеш „непријателска држава“ земја која систематски дава реална и несебична помош – вклучително и во моментот кога бугарските пожарникари даваат помош на Република Северна Македонија во Крива Паланка во врска со пожарите што избувнаа таму.

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија остро го осудува неприфатливиот и навредлив јазик што го користи Христијан Мицкоски кон бугарски функционер – во овој случај министерот за надворешни работи на Република Бугарија. Ваквите изјави се некомпатибилни со елементарните норми на дипломатскиот и политичкиот дијалог, како и со принципите на добрососедство, за кои Република Северна Македонија јавно тврди дека ги споделува, а во пракса грубо си игра со нив, стои во реакцијата.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци, се трага по убиецот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе