Вести Македонија

Девојчето од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истрага против таткото

Струмичкото обвинителство отвори истрага против таткото на девојчето за запуштање и малтретирање на дете.

Детето, преку Центарот за социјални работи, е сместено во згрижувачко семејство.

За осомничениот ќе бидат предложени мерки на претпазливост, забрана за напуштање на живеалиште, одземање на патна исправа, повремено јавување кај службено лице и забрана за приближување до девојчето, соопштија од обвинителството.

Детската амбасада Меѓаши предходно го осудува насилството врз девојчето кое беше врзано со јаже поради наводно украдени пари од маалски дуќан.

Видео-снимката се појави на социјалните мрежи, а се гледа дека е врзано за рацете и за вратот со јаже.

„Меѓаши“ го осудува насилството врз врзаното девојче од струмичко Ново Село

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе