Вести Македонија Топ вести

Во ек на пожари се бараат ресурси, доброволците ќе добиваат по 20.000 денари

Невработените лица кои ќе бидат ангажирани да помагаат околу пожарите ќе работат за хонорар далеку под минималецот. Месечниот надоместок кој ќе го добиваат пријавените ќе биде нешто над 20.000 денари. Сумата од 24.000 денари која се споменува деновиве е бруто износ, во кои се пресметани персонален данок и дополнителни давачи. Ова за Телма го потврдија и од Владата.

Од таму соопштија и дека огласот ќе биде објавен утре и ќе трае до 17 јули. Сезоната на пожари е во полн ек, а овие лица кои што ќе се ангажираат допрва ќе се обучуваат за работите кои ќе ги вршат, за што ќе биде потребно време. Сè уште се чека да стигне и заштитната опрема за нив. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, во вчерашната „Топ тема“ објасни уште што се им недостасува во борбата со пожарите.

„Најмногу ни фалат она што е најсмешно противпожарни метли и напртњача, но тоа е веќе договорено. Откако ќе поминат обука, се разбира во меѓувреме треба да добијат и заштитни униформи, соодветни. Се работи на набавка, се разбира. Во овој момент одговорни фирми работат на набавка на униформи и мислам дека сите ќе бидат благовремено опремени во наредните десетина дена“, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Во моментов во Противпожарниот сојуз членуваат и околу 230 доброволци. Од таму за Телма велат дека и од нив била побарана помош.

Според податоците од секторот, во земјава има околу 900 пожарникари. На ниво на целата држава 50-тина заминале во пензија, а од прилика толку добиле вработување. Околу 23 во Скопје, останатите во другите градови. Но, според објаснувањата од синдикатот, тие треба да поминат обука за која е потребно околу една година, за да бидат добри пожарникари и да се вклучат во процесот на работа.

Според базата на податоци на Центарот за граѓански комуникации од 2023 година, просечната старост на противпожарниот возен парк е 27 години. Најстарото возило е од 1966 година кое се користи во Валандово. Од Владата, пак, пред неколку дена соопштија дека 50 хермелини станале противпожарни возила. На располагање биле и по два полициски и армиски хеликоптери.

Лицата, пак, кои ќе се пријават како доброволци треба да имаат потврда за здравствената состојба од матичен лекар и потврда од АВРМ дека се невработени. Старосната граница е до 55 години.  Ќе бидат ангажирано во период од пет месеци.

Речиси секоја година во сезоната на пожари се зборува за проблемите и недостатоците со кои се соочува земјава, и работите кои ќе бидат преземени.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ОЈО ги испитува причините за настанување на пожарот во Визбегово

Дејан Дејан

Блокада на влезот во Битола

Дејан Дејан

Полетаа од Солун да гаснат кај Дојран – два грчки канадера попладнево на помош против пожарот во Николиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе