Пожарот се шири, потребна е непосредна помош, порачаа од Општина Крива Паланка преку официјалниот Фејсбук налог.
„Итен апел до сите граѓани. Ситуацијата е критична. Пожарот излегува од контрола и се шири со огромна брзина во неколку правци. Станува збор за закана од големи размери, на удар се домови, шуми и животи. Не е време за чекање или размислување. Апелирам до сите граѓани што се во можност – излезете и помогнете. Секоја рака помага! Секоја канта, секој човек, секој обид е од огромно значење! – Да покажеме дека сме заедница што се грижи, реагира и делува кога е најтешко! Споделете, организирајте се, известете ги сите што можете – времето е клучно!“, апелираат од локалната самоуправа до населението.