Десетици мажи од Николиќ цел ден се бореа со огнот кој се закануваше да им ги зафати куќите. Локалното население, рамо до рамо со пожарникарите и војниците, учествуваше во гаснењето на пламените јазици кои буквално трет ден беснеат околу селото. Откако доцна попладнево ветрот го промени правецот, пожарот кај Дојранско го заобиколи селото Николиќ и ги зафати ридовите. Видно возбудени, седеа пред продавницата во селото и раскажуваа како се организирале.
Градоначалникот Ангов вели дека најголема работа завршиле двата канадера од соседна Грција, со кои огнот за брзо се ставил под контрола.
Во огнот гореше најмногу нискостеблеста шума и сува вегетација, но зафатени се и овоштарници и помошни простории.
Денеска кај Дојран гасеа стотици пожарникари, вработени во Национални шуми, противпожарните единици од цел регион, но и војници од АРМ.
Сузана Мицева