Вести Македонија Топ вести

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и во Волково – до 18 часот се евидентирани 25 пожари

На територијата на државата до 18 часот се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 21 се активни, а четири се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Армијата, со ангажман на вкупно 63 припадници, активно учествува во гаснењето на повеќе позиции, а по барање на ЦУК, грчки канадери веќе дејствуваат на пожарот кај село Николиќ, во близина на Дојран, заедно со две грчки противпожарни екипи.

Приоритет е пожарот кај касарната Ѓорче Петров, каде што се ангажирани 60 припадници, во село Николиќ се распоредени 60 припадници, во Крива Паланка дејствуваат 30 припадници, а една екипа од АБХО е ангажирана на пожарот во Визбегово.

Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување дејствува во Крива Паланка, додека хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи е упатен кон селото Орман, општина Ѓорче Петров.

Во општина Македонски Брод има три активни пожари. Помеѓу селата Црешнево, Локвица и Слатин гори деградирана дабова шума и грмушки, кај село Самоков опожарен е лесно запалив материјал, додека кај село Рамне гори ниска вегетација, но е проширен од фабриката Самоков.

Три пожари се активни и во Општина Ѓорче Петров. Кај селата Орман и Волково се запалени куќи, пожари има и на гробишта зад касарната, додека во Стопански Двор гори ниска вегетација.

Во Општина Чашка под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка, има шумски пожар каде нема активен пламен, туку чад во карпест дел.

Помеѓу селата Блаце и Чучер, во Општина Чучер Сандево гори мешана шума и ниска вегетација, во Општина Дојран кај село Николиќ гори нискостеблеста шума.

Во Општина Шуто Оризари гори депонија, во Општина Кочани -п Осогово (шума) и во Општина Петровец – с. Кожле (шума).

Сува трева, деградирана вегетација гори во Радишани, во Јурумлери во Општина Гази Баба ниска вегетација, исто како и во Општина Сарај кај Семениште.

Во Општина Старо Нагоричане, кај селата Младо Нагоричане и Клечовце гори нискостеблеста деградирана вегетација, додека во населба Лозаново, во Општина Крива Паланка шума и ниска вегетација во Општина Тетово – Желино, кај село Ларце.

Изгаснати се четири пожари, во село Љубанци, Општина Бутел, каде горела ниска вегетација, како и во Општина Старо Нагоричане. Пожарот во Општина Демир Хисар – Ново Село, каде горел помошен објект – плевна и сува трева во село Веселчани во Општина Прилеп.

Фото: printscreen/mia.mk

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе