Вести Македонија Топ вести

Блокада на влезот во Битола

Со двочасовна блокада на главниот влез во Битола од правецот на Скопје, жителите  го искажаа својот револт против начинот на кој се изведува новиот булевар во овој дел од градот. Велат дека  сообраќајница им го отежнува животот, ги уништува малите бизниси и ги остава без пристап до домовите. Бараат покрај главниото пат да има сервисна улица од каде ќе можат да влегуваат  дома  и  во деловните објект, во спротивно ќе мора да ги затворат дуќаните.    

-Немаме никаков пристап, немаме  пристап ни од други улици, не можеме дома да си одиме, деловните простории нема да работат. Ни беше ветено дека ќе се направи привремена улица дури се прави патот, таа улица не е напрвена, вели   Дарко Петровски, жител 

-Имаме стовариште со стока, каде ќе ја носиме таа стока, што ќе правиме со добавувачите што ќе трееба да ги исплатиме, вели Цана Митровска, сопственик на стовариште од почеток до 30 сек 

Жителите тврдат и дека експропријацијата е спроведена противзаконски  и покрај судските решенија во нивна корист, постапките не се запрени. 

-Ми дојде пресуда дека се поништува бивното решение за експропријација и дека се враќа на повторн разгледување. Истиот ден ми се јавија од општина дека сакаат да дојдат да рушат, вели Тони Илиевски 

-Ова не е експропријација, ова  еузурпација и конфискација. Во иднина не знам како ќе опстојуваме. Има куќи и дуќани кои немаат друг влез. Проектот е правен 1996 година, таков проект туркаат, а сега сме 2025. Сите сме легални, сите сме со приватизирани дворови. Зошто не легализраа, зошто ни ги приватизираа дворовите, вели Бенито Кузмановски, жител. од 30 сек до крај

Од Општина Битола велат дека булеварскиот влез во Битола  се гради според важечката урбанистичка документација. Во овој дел не се предвидени деловни објекти, а во некои случаи, велат, има и нелегални градби.

„Оние градби кои имаат   одобрение за градење, во проектната документација е утврден сообраќаен приклучок од секундарна сообраќајна мрежа,  за што Општината презема активности за реализација на истата“, наведуваат од Општина Битола. ТЕЛОП 

Реконструкција на делницата од 1,3 километри започна лани во јули, а досега се реализиирани 30 проценти.  При неодманешната посета, премиерот Мицкоски рече дека не е задоволен од динамикта со која се изведуваат градежните работи.

Емилија Мисирлиевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе