Вести Економија Топ вести

16 финансиски институции и банки сакаат да ја финансираат брзата пруга – условите се уште непознати

Шеснаесет меѓународни финансиски институции и банки пројавиле интерес  за финансирање на брзата пруга која според пресметките ќе чини околу 2 милијарди евра, соопштија од Министерството за финансии.

Од таму,  пред извесно време испратија писмо до 24 финансиски институции и банки за да обезбедат пари по поволни услови за овој проект.  Меѓи нив има доста познати имиња кои се познати за јавноста, како Светска банка, Морган Стенли, Дочје банк, Рајфајзен, ЏП Морган. На  списокот се најдоа и институции дури од Јапонија.

За сега нема податоци под кои услови ги нудат потребите средства.

Рокот за доставување на одговори заврши вчера.

За заемот како гарант стои Обединетото Кралство,  со кој државава склучи договор пред извесно време.

Планот е изградбата на почне годинава. Според,  бројките од физибилити студијата километар би чинел 8, 8 милиони евра.

Британската фирма Фенвик Елиот пак е избрана да биде консултант за проектите кои ќе се прават со поддршка од Британија ако има потреба од тоа. Планот е освен брза пруга да се модернизираат болници и да се гради Клинички центар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Скопје во огнен обрач, ветрот со „разбуди“ пожарот во Чучер Сандево и ја отсече Македонија од северната граница

Дејан Дејан

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран

Дејан Дејан

ДЗС: Спречено ширење на пожарот во светиниколско Делисинци, селото спасено

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе