Кривична пријава е поднесена против директор на основно училиште во Липково кој се сомничи дека случил договор за вработување без објавување на јавен оглас и без претходно да обезбеди средства од министерството за финансии.
Со ваквиот чекор, како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, тој го оштетил Буџетот на државата за 577.550 денари.
„СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.Г.(51) од с.Липково, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во текот на 2024, пријавениот, како директор на основно училиште во Липково, склучил договор за вработување, без претходно да обезбеди финансиски средства од Министерство за финансии и без објавување на јавен оглас, оштетувајќи го буџетот на државата во вкупен износ од 577.550 денари“, информира МВР.