Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба од 30 дена заради зголемена појава на пожари, соопшти попладнево на прес-конференција портпаролката Марија Митева.
Одлуката е донесена на денешната седница на Управувачкиот комитет за кооринација и управување со системот со кризи поради сложеноста на теренот и високите температури.
– Ова на терен значи дека се овозможува интегриран пристап и координирано дејстување на сите надлежни институциа: Армијата, полицијата, противпожарната заштита, Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), како и локалните самоуправи. Ќе се мобилизираат сите ресусрси, човечки, технички, логистички, се со цел да се справиме со пожарите и заштита на населението – кажа Митева
Портпаролката на владата ги повика граѓаните на максимална внимателност и почитување на сите препораки и забрани.