Додека цела држава е под огнена стихија, владата на Мицкоски, заедно со Ангелов, Тошковски, Мисајловски и останатите молчи. Не дејствуваат и повторно ги оставаат граѓаните сами да се борат со стихијата, реагираат од СДСМ.
- Само еден ден по спектакуларното сликање со „импровизирана“ противпожарна единица и старите хермелини од Армијата, на дело ја видовме нивната неспособност и опасната импровизација. Целото шоу траеше 24 часа – потоа дојде реалноста. Пожари на повеќе локации, вонредна состојба во општини, а граѓаните сами со лопати и црева се борат со огнот, затоа што институциите целосно потфрлија, велат од опозицијата.
Потсетуваат дека минатата година изгореа 12% од територијата на државата, повеќе отколку за сите седум години додека СДСМ беше на власт.
- Оттука го прашуваме Мицкоски: дали во која било земја во светот се гасат пожари со БТР-и и хермелини од армијата? Ова не е ниту НАТО, ниту Европа. Ова е циркус. Наместо МИП – Македонска Интервентна Пожарна, ние гледаме „импровизирана“ противпожарна единица и евтин ПР. Проблемот е што последиците од вашата неспособност ги чувствуваат граѓаните на терен рече на денешната прес – конференција Митко Трајчулевски.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.