Пожарникарите кои рано утрово ги исфрливме со хеликоптер на врвовите на околните ридови наидоа на повеќе места со фрлени запалени палети и им мирисало на бензин, рече Стојанче Ангелов, директот на Дирекцијата за заштита и спасување, во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма во контекст на пожарот на територијата на Општина Чучер Сандево.
„Тоа апсолутно зборува за намерни палежи, затоа што ако ние дојдовме таму по два часа, ние немаше да ги најдеме палетите, ниту остатоците. Ќе имаше само пепел“, рече Анггелов кој потенцира дека фокусот во гаснењето на пожарите е на заштита на човечките животи.