Вести Свет

(Фотогалерија) Повредени 24 луѓе, спасени екипажи, патници, деца – силно невреме мина низ Сплит

Силно невреме денеска го зафати Сплит и причини значителна материјална штета. Небото наеднаш се затемни и за само неколку минути настана хаос на улиците. Силен дожд, грмотевици и ветар кој носеше сe пред себе.

Скршени дрвја, оштетени покриви и автомобили, поплавени улици. Жителите на градот масовно бараа помош, а сирените на возилата на Итната медицинска помош и на противпожарните возила се слушаа на секој чекор. Делови од поширокото градско подрачје останаа без струја, а поедини сообраќајници буквално беа парализирани. Во клиничкиот центар во Сплит се примени 24 луѓе со скршеници, набиеници, гребаници.

Парк шумата Марјан е затворена за посетители. Сериозна штета е причинена на кровната конструкција на стадионот „Пољуд“. Штети се регистрирани и во бродоградилиштето „Бродосплит“ во чиј круг е урната голема дигалка, а повеќекратни оштетувања има и во производствените погони и во работните простории.

Под притисок на невремето дојде до кинење на јажињата на траект на „Јадролинија“ кој неконтролирано удри во два брода во сплитското пристаниште од кои едниот потона. Во бројните интервенции на отворено море се спасени пет лица од едрилица, како и екипажи, патници и деца.

Освен во Сплит, силно невреме денеска ги погоди и Солин и Славонски Брод, проследени во обилен дожд, град и силен ветар.

Фото: prinscreen

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе