Вести Свет

Десничарска група поврзана со Ле Пен под истрага на европското Јавно обвинителство

Формална истрага за наводите дека поранешна крајно десничарска група во Европскиот парламент (ЕП), во која беше вклучена и француската партија Национален собир на Марин Ле Пен, проневерила средства од Европската Унија ќе отвори европското Јавно обвинителство.

Портпаролот на обвинителството потврди дека ЕППО отворило истрага по медиумските извештаи дека групата „Идентитет и демократија“ (ИД) во ЕП наводно во периодот меѓу 2019 и 2024 година, проневерила над 4,3 милиони евра, средства од фондовите на ЕУ.

Портпаролот одби да даде други детали, наведувајќи ја како причина доверливоста на истрагата „Еуроактив“ наведува дека засега нема конкретно обвинето лице.

Постапката следуваше по заклучоците од ревизијата на ЕП од кои делови беа објавени на почетокот на јули од француски „Монд“, германски „Цајт“ и австриски „Констрасте“.

Ревизијата наводно покажала дека партиите поврзани со групата ИД трошеле нелегално, вклучително и со склучување фиктивни договори за услуги, нелегални процедури за набавки и давање донации за вонпарламентарни активности на групи поврзани со крајно десничарски личности како што е Марин Ле Пен, пренесува МИА.

Поранешниот генерален секретар на ИД, Филип Клеј, негираше какво било незаконско дело.

„Сите плаќања извршени во последните пет години беа правилно поднесени, фактурирани и контролирани“, изјави тој за „Монд“.

„Еуроактив“ наведува дека ЕППО е задолжена за истражување на сериозни прекршоци што ги загрозуваат финансиските интереси на ЕУ и во своите истраги соработува со националните полициски служби.

Групата ИД беше распуштена кратко по последните избори за ЕУ ​​во јуни 2024 година, кога во ЕП беше наследена од групата „Патриоти за Европа“. Последната истрага врши дополнителен притисок врз судските постапки против Ле Пен и нејзината партија Национален собир.

Во посебен случај претходно оваа година, париски суд ја осуди Ле Пен за проневера на средства од ЕУ и ѝ забрани да се кандидира за јавна функција во наредните пет години.

Таа ги отфрли најновите обвинувања како политички мотивирани, објави „Еуроактив“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Не сум видовит, но пожари ќе има и во годините што доаѓаат, апел до граѓаните да ги исчистат сопствените дворови

Дејан Дејан

Ангелов: Ниту една куќа не е изгорена во пожарот во Чучер Сандево, градоначалникот да научи да прави разлика што е куќа, а што викендичка

Дејан Дејан

Ангелов: Пожарот во Чучер Сандево е целосно ставен под контрола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе