Ниту една куќа не изгоре во пожарот во Чучер Сандево, истакна Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување, во вечерашната „Топ тема “ на Телма ТВ.
„Не е точно дека има изгорено куќи, а градоначалникот кој што ја негираше мојата изјава треба да научи да разликува што е куќа, а што викендица. Ако некој направил викендичка среде шума, треба да има свесност и дека таа е изложена на шумски пожари. Ми пратија неколку фотографии, викендиците не ми изгледаат дека се зафатени, можеби огнот дошол околу нив. Утре лично ќе отидам кај тие штои ги спомена градоначалникот, пет-шест-седум викендици и ќе напправам снимки кај нив“, рече Ангелов и додаде дека „факт е дека викендиците биле загрозени“.