Вести Македонија

Ангелов: Не сум видовит, но пожари ќе има и во годините што доаѓаат, апел до граѓаните да ги исчистат сопствените дворови

Иако не сум видовит, слободно можам да кажам дека и наредната година и годините потоа повторно ќе имаме пожари, вели Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување, во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

Тој апелира до граѓаните да помогнат во спречување на евентуални пожари со самото тоа што ќе ги исчистат сопствените дворови.

„Ако викендицата нема трева до појас или до гради, тогаш како ќе стигне огнот до ѕидовите на викендицата. Од друга страна, ѕидовите не горат, горат гредите. Значи треба да се исчисти околната вегетација. Колку треба да биде висока вегетацијата за да бидат зафатени гредите? – Апелирам до граѓаните, не ги обвинувам, да ја развијат својата свест дека глобалното затоплување го прави своето. Пожарите ги имаме сè повеќе. Јас од сега предвидувам дека овој месец ќе имаме уште многу, многу пожари, во август далеку повеќе, пожари ќе имаме и во септември, а верувам и во октомври. Ако ние тоа не можеме да го спречиме, тогаш треба да се прилагодиме на таа сурова реалност и граѓаните да преземат сe она што е во нивна моќ, нека ја искостат тревата во нивните дворови, особено последните куќи кои што граничат со ливадите и со шумите. Особено оние кои што имаат викендици во полунапуштени и напуштени села“, рече Ангелов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе