Битола доби 5 километри велосипедски патеки, кои чинат половина милион евра средства од општинскиот буџет. Патеките се исцртани на реконструираните тротоари на двете страни од улицата „Партизанска“ и само на една страна на „Васко Карангелевски“.
Велосипедистите и пешаците ќе мора да го делат истиот простор, нешто што предизвика бурни реакции во јавноста. Битолчани стравуваат за безбедноста, особено на децата и постарите лица.
-Сега не знаеме каде да се движиме, а и точаците одат ваму и таму, вели еден битолчанец.
-Треба да биде од едната страна за пешаци, а од другата страна за точаци, додава друг граѓанин. Од почеток до 10 сек
Покрај критиките за концептот, граѓаните реагираат и на квалитетот на изведбата.
-Нема 4–5 сантиметри асфалт. Пристапите кон зградите се оставени така што човек не може да помине, реагира жител на улицата.
-Велосипедска патека? Овде ќе се отепаме. Градат и крадат, избори се ближат, коментираат две битолчанки. Од 11 до 31
Од иницијативата „Битола на точак“ велат дека е позитивно што конечно се инвестира во велосипедска инфраструктура, но посочуваат дека очекувале пошироки и подобро планирани патеки.
– Се очекуваше поголем простор, но се работи според стандардите од 2012–2013 година. Ќе има проблеми, имајќи го предви однесувањето на граѓаните. Ќе треба допрва да се научиме да се движиме секој во својот дел, изјави Виктор Илиев од „Битола на точак“. Од 43 до 1.07
Иако велосипедските патеки се уште не се целосно завршени, Општина Битола веќе сними промотивно видео во кое градоначалникот Тони Коњановски со велосипед се упатува од својот дом до зградата на Општината по улицата „Партизанска“. Но, возењето трае кратко. Патеката завршува пред Широк Сокак, по што градоначалникот го турка велосипедот до работното место.
Од Општината велат дека следува доуредување на патеките и расчистување на теренот, како и изградба на нови велосипедски рути низ градот во наредниот период.
Емилија Мисирлиевска