Вести Најважни Свет

Продолжува потрагата по исчезнатите во Тексас – најмалку 51 загинат, меѓу нив 15 деца

Централниот дел на Тексас е погоден од катастрофални поплави во кои загинаа најмалку 51 лице, меѓу кои и 15 деца, јавува BBC. Спасувачките екипи до сега спасија 850 лица, и натаму ја пребаруваат реката Гуадалупе и околината во потрага по исчезнати, особено во реонот на округот Кер каде што се води најголем дел од акцијата.

Најпогодено е летно кампувалиште „Камп Мистик“, каде што 27 деца, претежно под 12 години, сè уште се водат како исчезнати.

Поплавата се случила ненадејно – нивото на реката се искачило над 8 метри за помалку од еден час додека најголем дел од децата спиеле.

Фотографии од местото покажуваат калливи душеци, играчки и остатоци од разрушени сместувачки капацитети.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот, потпиша проширена декларација за вонредна состојба, а претседателот Доналд Трамп изјави дека федералната влада активно соработува со локалните власти.

Службите предупредуваат на нови врнежи од дожд до крајот на викендот, со потенцијал за нови поплави.

Денеска ќе се одржи специјална миса во Католичката црква Нотр Дам во чест на загинатите и исчезнатите. Заедницата е во шок, додека трагедијата продолжува да се развива со секој поминат час.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Самитот на БРИКС започна во сенка на политиките на Трамп и тензиите на Блискиот Исток

Дејан Дејан

Хеликоптер на МВР интервенира кај Блаце, пожарот сè уште активен – сообраќајот се одвива отежнато

Дејан Дејан

Бројот на жртви во поплавите во Тексас се искачи на 59 – стотици спасувачи трагаат по исчезнати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе