Вести Македонија

Доброшинци без вода во летните горештини

Рестрикциите на вода во летните горештини ги разлутија жителите на струмичкото село Доброшинци. Последниве десетина дена честопати се без вода, што дополнително ги фрустрира, бидејќи како што објаснуваат селскиот водовод го граделе жителите со самопридонес.

Сегашните рестрикции се бидејќи во изминатите години на истиот потенцијал се приклучени уште две села, па преку лето се појавува проблем со водоснабдување.

Селото во лето е во незавидна ситуација и поради близината на депонијата Шапкар, која честопати гори и со седмици без престан, па селаните се гушат во чад и смрдеа.

Од Општина Василево информираат дека проблемот се јавува поради намален дотур на вода од брана Турија и зголемена потрошувачка поради високите температури.

Со водоводот управува комуналното претпријатие Турија, кое правело распоред и ги информирало граѓаните на Доброшинци, Нова Маала и ЧАнаклија во кои денови ќе има рестрикции на вода. За непречено водоснабдување, велат од општината, мора да се прошири капацитетот на водоводната мрежа. Досега направиле рекострукција на водоводот, а поднеле проект и за уште една реконструкција за нова пумпа со што велат дека ќе се надмине проблемот.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сè уште се трага по 11 деца и еден воспитувач по разорните поплави во Тексас

Дејан Дејан

Самитот на БРИКС започна во сенка на политиките на Трамп и тензиите на Блискиот Исток

Дејан Дејан

Хеликоптер на МВР интервенира кај Блаце, пожарот сè уште активен – сообраќајот се одвива отежнато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе