Во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје денеска се одржува седница на Извршниот комитет (ИК) на која, според најавите, партијата ќе ги утврди новите кандидати за градоначалници за претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври.
Особено внимание привлекува изборот на кандидат за градоначалник на Скопје, што се очекува да биде официјализирано по завршување на седницата.
Досега ВМРО-ДПМНЕ објави кандидати за 33 општини, во два круга во мај и јуни. Меѓу нив се и поголеми урбани и рурални општини како Битола, Кавадарци, Охрид, Велес, Штип, Аеродром, Ѓорче Петров, Делчево и други.
Изборниот процес внатре во партијата се одвива во неколку фази, со теренски анализи, анкети и предлози од локалните комитети.
Очекувањата се дека по Извршниот комитет ќе бидат соопштени имињата на новите кандидати и стратегијата на партијата за освојување што поголем број општини на претстојните избори.