Вести Свет Топ вести

Трамп најави предупредувачки писма со царински мерки до 12 земји

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша предупредувачки писма со царински мерки за 12 земји, најавувајќи дека ќе бидат испратени во понеделник.

Како што изјави Трамп, овие писма се дел од новата стратегија за трговски преговори – според него, понудата е „земи или остави“, а царините ќе стапат на сила од 1 август доколку не се постигнат договори до 9 јули.

Иако конкретните земји не беа објавени, Македонија е една од засегнатите – со најавена вкупна царинска стапка од 33% за извоз во САД.

По првичните реакции и дипломатски средби, македонската Влада ги укина царините за американски производи, а во Вашингтон беше одржан состанок меѓу македонскиот министер за надворешни работи и државниот секретар Марко Рубио.

Засега, допoлнителните царини се суспендирани на 90 дена, период кој истекува на 9 јули.

САД досега постигнаа трговски договор само со Обединетото Кралство и Виетнам.

Преговорите со ЕУ и Индија остануваат без напредок. Белата куќа ја смени стратегијата од долготрајни преговори кон директни и итни понуди, предупредувајќи на царини до 70% за оние земји што нема да прифатат нови услови до крајниот рок.

Трамп го потпиша новиот закон за даночни олеснувања и кратења на социјални програми

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе