Прелдог кандидатите за судија во Стразбур се два месеца во Владата која се уште не донела одлука дали трите имињата – на апелационата судијка Габриела Гајдова, обвинителката Ленче Ристовска и адвокатот Јордан Апостолски ќе патуваат во Советот на Европа. Зошто се уште нема одлука од Владата не откриваат.
Предлог листата на комисијата е во владина процедура и кога тоа ќе се разгледува, соодветно ќе ја информираме јавноста, велат од Илинденска.
Меѓуресорската Комисија формирана со одлука на Владата на 9 мај одлучи да ги предложи Ристовска, Гајдова и Апостолски како тројца кандидати. На огласот аплицираа 21 канидат меѓу кои поранешна директорка на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска, заменик дирекоторт на Акдамијата, Илир Исени, судијките Оља Ристова, Едита Наскова, Андреј Димовски, екс претседателот на ДИК, Александар Даштевски, повеќе адвокати, но и други актуелни и поранешни судии.
Првиот филтер го минаа 12 мина, а по интервјуто пред 9 члената комисјата поддршка добиле овие тројца.
Во јануари следната година му завршува мандатот на Јован Илиевски, досегашниот претставник на Македонија во судот во Стразбур и претходно треба да заврши целата постапка за избор на негов наследник.
Соглсно европската конвенција за човкови права судиите треба да уживаат висок морален карактер, да ги поседуваат квалификациите потребни за назначување на висока судска функција или да бидат правници со призната компетентност.
Изборниот процес се состои од две фази – прво, национална селективна постапка, во која секоја држава-членка избира список од три квалификувани кандидати. Второ, изборна постапка што ја спроведува Парламентарно Собранието на Советот на Европа.
Според процедурата објавена на веб страната, откако Собранието ќе го добие списокот на кандидати, Комитетот за избор на судии во Европскиот суд за човекови права – посебен парламентарен комитет, прво ја проценува правичноста и транспарентноста на националната постапка. Потоа ги интервјуира сите кандидати и ги прегледува нивните биографии.
Доколку утврди дека сите услови се исполнети, комитетот изготвува препорака за Собранието во која се наведува кој или кои кандидати смета дека се најсилни. Ако не, може да препорача од државата да побара да поднесе нова листа.
Елена Ивановска Мукоска