Нуклеарната електрана Запорожје во Украина остана без струја, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА). Ова е деветти случај од почетокот на војната во Украина.
„Нуклеарката моментно зависи од струја од своите дизер агрегатори, што прави исклучително несигурна ситуација по прашањетоза нуклеарната безбедност“, се вели во соопштението.
Украинскиот министер за енергетика, Герман Галушченко, во меѓувреме, ја обвини Русија дека го уништила далноводот што ја поврзува нуклеарната електрана со електродистрибутивната мрежа.