Вести Македонија

Три автобуси и едно комбе рано утринава беа во пламен на плац на транспортна фирма во кочанската населба Оризари

Три автобуси и едно комбе рано утринава беа во пламен на плац на транспортна фирма во кочанската населба Оризари. Големиот пожар се случи непосредна близина на бензинска пумпа, а брзата интервенција на кочанските пожарникари спречила пламените јазици да не се рашират. Нема официјални информации, дали пожарот е подметнат и како се запалиле автобусите.

„Пожарот се случи во 02.30 часот, во СВР Штип е пријавено дека кај бензинска пумпа во населба Оризари, кочанско се опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма. Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Кочани. Повредени лица нема“ информираат од СВР-Штип.

Автобусите се целосно изгорени, останата им е само металната конструкција, утринава од нив се уште излегуваше чад. По извршениот увид ќе се знаат и причините за пожарот, како и колкава е материјалната штета.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе