Еврокомесарката за проширување, Марта Кос на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан во Скопје порача дека сега е историски момент за обединување на Европа преку проширување. Таа истакна дека постои јасен консензус во ЕУ за забрзано приклучување на регионот и повика на искористување на шансата.
Кос додаде дека реформите се тешки, но неопходни и ја истакна европската солидарност по трагедијата во Кочани.
Заедничката прес-конференција на еврокомесарката Марта Кос и премиерот Христијан Мицкоски ја следеше колегата Петар Догов кој се вклучи во вестите во 12:30 часот.