Вести Македонија

Дигитален упис во средно догодина

Покрај Георги Димитров, заинтересираноста за упис во средните училишта е голема и во гимназијата Орце Николов, а се полнат и стручните паралелки.  Во тек е вториот рок,а министерката Јанвеска задоволна од запишувањето во средните стручни училишта, најави квалификациско тестирање во некои од скопските гимназии.

„Орце Николов има само шест слободни места има малку поголем број на пријавени, веројатно ќе има квалификационен испит но се уште не знаеме до крај на денот ќе треба да ги видиме резултатите рангирањата. Секаде има доволен број на пријавени, како што веќе знаете обврзно е и средното образование во Македонија и сите ученици ќе мора да се запишат. За жал некои ќе немаат избор, но тоа зависи од нивниот успех и нивното вложување во минатото“, вели Весна Јаневска министерка за образование и наука.

Новина во образовниот систем се електронските свидетелства кои ќе бидат достапни од следната година. При запишување во средните училишта и факултетите, родителите и учениците нема да имаат потреба да ги носат документите. Образовните институции ќе имаат директен пристап до електронските свидетелства преку поврзаниот систем, додава Јаневска.

„Родителите и децата и немаат потреба да го имаат свидетелството во раце освен што можеби тоа е начин некако социјално да се дружат, да се пофалат, да се израдуваат, па некои и да се разочараат за да вложат повеќе труд. Тоа ќе можат да одлучат учениците и родителите. Впрочем училиштето секогаш може да искористи еден до два топа хартија од по 500-тини денари за да им даде некаков вид на документ на децата дека еве завршиле четврто, петто или шесто одделение“, вели Весна Јаневска министерка за образование и наука.

Јаневска смета дека населението не е подготвено и постои одреден процент на дигитална неписменост во руралните средини, каде ако не им се даде документот во раце, луѓето не знаат како се завршила учебната година. Очекува догодина најголем дел од свидетелствата да бидат само во дигитална форма.

Симона Петровска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерството за правда информира дека се неточни тврдењата дека ќе се изгубат средствата од реформската агенда

Дејан Дејан

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе