Вести Македонија Топ вести

Здружението на лекари по општа-семејна медицина бара реформи во примарното здравство

Со години таложени проблеми доведоа работењето во примарното здравство веќе да биде неподносливо, велат лекарите по семејна медицина. Бараат нов модел на финасирање за кој ќе бидат консултирани сите здруженија и секако доволно средства за вработување на медицински сестри, бидејќи без нив не може да функционират. Во руралните средини тоа се реши со тоа што две години нема да имаат потреба да вработат медицинска сестра. Во ординациите пак во поголемите градови, кои се новоотворени и се со помал број на пациенти тоа не го решава проблемот, вели д-р Ѓорѓиевски кој е воедно и потпретседател на Европската унија на семејни лекари.

„Иако за поздравување е реално зголемувањето на капитацијата што го направи ФЗО пред три месеци кое што сега ќе го добиеме со исплата во јули, но тоа делумно ги решава проблемите. Но, нас ни е потребен нов модел на финасирање кој ќе има загарантиран буџет во кој и почетникот доктор и докторот со искуство ќе има буџет за плата и за финансии. На огласи што ги даваат во ординациите се јавуваат по три до четири медицински сестри и тоа е сериозен проблем, бидејќи вие не можете да фунционирате ако во рок од 30 дена не вработите медицинска сестра“ изјави д-р Драган Ѓорѓиевски, претседател на Здружение на лекари по општа – семејна медицина.

Во телефонски разговор за Телма, првиот човек на ФЗО Клековски вели дека состојбата е поинаква затоа што тие секојдневно добиваат барања за вработување на медицински сестри, зголемувањто на капитацијата нуди можност матичните лекари да менаџираат со тие средства и со истите да најдат решение, сепак се отворени за дијалог за преиспитување на концептот.

Во меѓувреме се поставува и прашањето за воведување на електронски картони со што би се надминале и административните бариери кои одзимаат многу време.

„Веќе во 21 век изгледа премногу смешно да работиме и со картон за електонска евиденција и со електронска евиденција која трае веќе 15 години. Значи од како е почнат МОЈ ТЕРМИН се внесува во компјутер се внесува во картон. Србија пред две години ги укинала картоните и почнале да работат исклучиво компјутерски и била меѓу последните на Балканот кои тоа го направиле. Словенија, Хрватска, Босна сите одамна го имаат тргнато картонот“ вели д-р Драган Ѓорѓиевски.

Со ова ќе се намалат и грешките кај лекарите доколку се отстрани таа двојна евиденција, вели Ѓорѓиевски затоа што мора да имате предвид дека има пациенти кои се буквално секој ден на преглед за упат, за резултати и ординации кои се преплавени со непотребен број на прегледи.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ранѓеловиќ: Во Извештајот и шпански јазик да стои дека се зборува во Македонија тоа ништо нема да придонесе ниту да го закочи евроинтеграцискиот процес

Дејан Дејан

Еврокомесарката Марта Кос пристигна да се увери во реформските чекори

Дејан Дејан

Кривична за директорот на „Национален парк Маврово“ – штета над 3 милиони денари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе