Македонската филхармонија вечерва ќе настапи во Солун на изведбата на сценската кантата „Кармина Бурана” од Карл Орф, заедно со Софиската филхармонија и Државниот симфониски оркестар од Солун. По успешната изведба на кантатата во февруари, во Софија, ова ќе биде втора заедничка изведба на трите оркестри, под диригентство на Михалис Иконому од Грција.
Покрај диригентот, новина за оваа изведба е учеството на два хора од Солун. Ќе настапат и тројца солисти од трите држави, меѓу кои е и нашата примадона, сопранот Ана Дурловски. За да се одржи настанат и кај нас треба да помогнат финансиски, ресорното министерство и спонзорите, кажа директорот на Македонската филхармонија, Мустафа Имери.