Вести Македонија Топ вести

Кривична за директорот на „Национален парк Маврово“ – штета над 3 милиони денари

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Харис Ибраими, директорот на Националниот парк Маврово, кој заедно со Гоце Анастасоски, раководител на Одделението за одржливо користење во истата установа, и 54 годишниот А.Б. вработен во Министерството за шумарство и земјоделство. Тие се сомничат за злоупотреба на службената положба и овластување како и за несовесно работење во служба поради сомнежи дека нанеле материјална штета на Јавната установа „Национален парк Маврово“ во износ од над 3 милиони денари.

Според СВР Тетово, во март и април годинава, директорот Ибраими усно се договорил со лицето вработено во Министерството за шумарство и земјоделство да се изврши нелегална сеча на техничко дрво – ела, на локацијата „Брана“ во рамки на паркот, при што инспекцискиот надзор го спроведувал Анастасоски. Без да се распише јавен оглас, била дозволена сеча под изговор дека станува збор за оштетени стебла, без соодветна постапка и документација.

Според утврдените наоди, исечената дрвна маса значително ја надминала дозволената. Наместо предвидените 403 метри кубни- ела и 55 метри кубни-бука, само во едно одделение биле исечени дополнителни на 858 метри кубни. А дополнително инспекцискиот извештај на лицето од Министерството од 10 март содржел и лажни податоци.

Со нелегалната сеча и продажбата на дрвната маса на однапред договорени купувачи, тројцата пријавени се стекнале со противправна имотна корист, нанесувајќи директна штета на „Националниот парк Маврово“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Израел продолжува со нападите во Газа – убиени и повредени повеќе десетици Палестинци

Дејан Дејан

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа пред Градска болница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе