За сервисирање долгови, отплата на камати за земени од земјава и странство, покривање на штети од елементарни непогоди, за непредвидени расходи, за финансирање на проекти од ИПА програмата. Токму за ова, односно од министерствата, кај финансии за функции на државата со ребалансот на буџетот повторно има најмногу пари.
Меѓу оние со поголема каса се Министерството за социјала, образование, одбрана, транспорт, МВР. Дел од нив со прекројувањето добиле плус средства, а кај некои нема промени.
Повеќе пари за плати од буџетот одат за кабинетот на претседателот на државата, па така таму просечната месечна исплатена бруто плата е пресметано да биде над 100 илјади денари. Повеќе за плати ќе има и за вработените во Агенција за разузнавање, за Службата за општи заеднички работи на Влада, за судската власт. Плус средства ќе има и за примања во МВР, а таму ќе се вработат и 160 лица плус.
Во Управата за извршување на санкции пак бројот на вработени ќе падне за околу 60 лица, но и тие ќе добијат повеќе пари за плати.
Со ребалансот на буџетот државата планира да собере повеќе, но и повеќе да потроши. Се зголемуваат и средствата кои ќе одат за ПИОМ. За сега едно е сигурно дека пензиите ќе се зголемат според законот односно процентуално , а дали ќе добијат и плус пари со линеарно покачување допрва ќе се разгледува. Дефицитот останува на првичната проекција од 4 проценти од БДП, инфлацијата ќе порасне од 2,2 на 2, 8 отсто.
Ќе продолжи задолжувањето и дома и во странство, но уверувањата се дека долгот нема да порасне повеќе од 62 отсто од БДП. Проекциите за раст остануваатна 3, 7 отсто.
Расправата за предлог – ребалансот во собранието почнува во среда.
Ирена Чачкова