Вести Свет Топ вести

Блокадите се отстрануваат, сообраќајот полека се нормализира во градовите во Србија по масовните протести

Сообрачајот во Белград утрово постепено се нормализира на голем дел од сообраќајниците по вчерашните протести во знак на поддршка за уапсените студенти. Слична е состојбата и во останатите градови во Србија. Студенти и граѓани ја повикаа политичката опозиција во земјата да ја блокира работата на парламентот, без предавање на мандатите. Преку платформата Икс, тие побараа вонредни парламентарни избори.

Во Белград, во Нови Сад, во Ниш и уште неколку градови ширум Србија вчера беа блокирани сообраќајници на повеќе локации поради апсење на студенти по саботниот антивладин протест „Се глдаме на Видовден“ од кој студентите повикаа на граѓанска непослушност.

Министерството за внатрешни работи информира дека при интервенциите во саботата вечер во Белград се повредени 48 полицајци, 22-ца луѓе побарале лекарска помош, а приведени се 77 лица меѓу кои и малолетник.

Вишото јавно обвинителство во Белград објави дека вчера биле уапсени вкупно осум студенти, осомничени по Казнениот закон за наводно подготвување на дела против уставното уредување на земјата и безбедноста на Србија, во врска со повиците за насилна промена на уставниот поредок.

„Попладнето беа уапсени Д.С. од Ниш и Д.С. од Белград, додека Л.С. беше уапсен порано денеска од Заечар, И.М. од Смедерево, Л.С. од Крагуевац, Б.Б. од Белград, Н.П. од Сомбор и Д.Д. од Ниш“, соопшти Вишото јавно обвинителство во Белград.

Постојат основи за сомневања дека на 20 јуни 2025 година, во просториите на Електротехничкиот факултет и на 21 јуни 2025 година, во просториите на Градежниот факултет во Белград, меѓу другото, тие договориле и подготвиле напад врз државни институции, блокирање патишта и клучна инфраструктура низ целата земја, со цел насилно менување на државниот поредок.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Брисел и Софија со различен став за обврските на Македонија

Дејан Дејан

Втор уписен рок за средните училишта – шанса за оние кои не влегоа на прв обид

Дејан Дејан

Лавров: Загрижени за Ерменија, сакаме смирување во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе