Вести Македонија Топ вести

Бензините поевтинуваат за два денара, дизелот за денар – на полноќ паѓаат цените на горивата

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара, цената на дизелот се намалува за еден денар, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,3 отсто во споредба со претходната одлука.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 75,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 77,5, Еуродизел БС (Д-Е V) за 69,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 69,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,605 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 39,583 денари

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 5,671 отсто, кај дизелот за 2,639, кај екстра лесното масло за 6,774 и кај мазутот за 1,701 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3392 отсто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топлотен бран ја гори Европа

Дејан Дејан

Здружението на лекари по општа-семејна медицина бара реформи во примарното здравство

Дејан Дејан

Kаде ќе бидат префрлени повеќе пари за плати со ребалансот на буџетот?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе