Магазин

30 години Кожувчанка – Јубилеј на успех, партнерство и визија

(ПР ТЕКСТ) Компанијата Кожувчанка денес го одбележа својот голем јубилеј – 30 години постоење со ПР настан на кој присуствуваа партнери, пријатели, новинари, претставници од институции и деловни соработници од земјата и странство.

Повод

Настанот се одржа по повод три децении успешна работа на Кожувчанка -компанија која од 1995 година израсна од локален производител во бренд со национално и меѓународно признание. Присутните имаа можност да слушнат инспиративни обраќања од водечките луѓе од компанијата, нејзини долгогодишни партнери, како и претставници од институциите.

Г-дин Бранко Азески, Претседател на Стопанската комора на Македонија

Г-динот Азески ја имаше таа чест прв да се обрати. Тој ја потенцираше улогата на компанијата Кожувчанка како пример за успешно македонско претпријатие. Исто, говореше и се осврна на одличната соработка помеѓу Комората и Кожувчанка низ годините, потенцирајќи ја нивната заедничка заложба за подобрување на деловната клима и охрабрување на другите домашни брендови.

Г-ѓа Јанинка Чупаркоска, Генерален менаџер на Компанијата Кожувчанка

Во своето обраќање, г-ѓа Чупаркоска ја истакна благодарноста кон сите кои се дел од 30-годишната приказна на Кожувчанка – вработените, потрошувачите и партнерите:

Тоа што не’ прави посебни и истрајни сето ова време пред сè се луѓето нашите верни потрошувачи, посветеноста на нашите вработени, како и поддршката од нашите партнери и соработници.“

Таа се осврна на почетоците од 1995 година, кога Кожувчанка започнала со неколку вработени и еден производ, а денес брои преку 70 производи, присутни во секојдневието на македонските семејства и пошироко.

Исто, зборуваше за постојаните инвестиции во производство, квалитет и одржливост, како и за извозните успеси на компанијата.

Г-дин Марио Маис, Маркетинг менаџер на Sinalco International Brands

Г-дин Маис, долгогодишен стратешки партнер на Компанијата преку брендот Sinalco, зборуваше за исклучителната доверба и професионалната соработка која трае веќе две децении.

Тој ја истакна Кожувчанка како пример за лојалност, квалитет и стабилен развој на локалниот пазар:

„Соработката со Кожувчанка не е само деловен однос тоа е долгорочно партнерство засновано на доверба, визија и заеднички успеси. Вашата истрајност и интегритет се инспирација.“

На крај од говорот кажа за важноста на синергијата помеѓу локалните производители и глобалните брендови, и ја најави подготвеноста од Sinalco International Brands за нови, заеднички проекти со компанијата Кожувчанка.

Г-дин Митко Јанчев, Градоначалник на Општина Кавадарци

Митко Јанчев со голема емоција зборуваше за почетоците на компанијата, визијата на неговите татко и чичко и патот до денешниот успех:

„Со голема чест и особена гордост ви се обраќам денес, на денот кој е од голема важност за мене и мојата фамилија 30 години од постоењето на Кожувчанка.“

Тој го  најави и новиот бренд – Aqua Mila, природна изворска вода која го носи името на неговата ќерка:

 „Со ова претставување на нашиот нов производ пред вас, сакам да ѝ го честитам роденденот и на мојата ќерка Мила по која е крстен овој бренд.“

Јанчев објави и планирана соработка со СОС Детското село, со цел поддршка на децата и вложување во нивната иднина:

„Тоа е она на кое сум најмногу горд на моето семејство, на компанијата и на луѓето-партнери со кои секојдневно учествуваме во градење на подобро општество за сите.“

На крај, изрази благодарност кон сите потрошувачи, соработници и пријатели на компанијата:

„Се гордеам и сум благодарен на сите вас наши пријатели и соработници, на нашите верни потрошувачи и на сите што веруваат во оваа наша приказна.“

За Кожувчанка

Основана во 1995 година, Кожувчанка денес е еден од лидерите во македонската индустрија за производство на вода, алкохолни и безалкохолни пијалаци, со портфолио од над 70 производи и присуство на повеќе странски пазари. Компанијата е позната по квалитет, иновации и општествена одговорност, како и по своите долгорочни партнерства – како со Sinalco, така и со многу локални дистрибутери и институции.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Свадбата на Безос и Санчез во сенка на протестите во Венеција

Дејан Дејан

Организацијата Трамп ќе произведува златни телефони – експертите скептични

Дејан Дејан

(Видео) Емануел Макрон доби шлаканица од неговата сопруга Брижит

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе