Вести Македонија Топ вести

Реални оцени или притисок – СДСМ и МОН со различни ставови

По една година на функцијата, министерката за образование Весна Јаневска доби „единица“ од СДСМ. Опозициската партија ја обвинува дека направила хаос во системот, го понижила наставниот кадар, ги збунила учениците и донела небезбедни реформи без консултација со јавноста.

Со образовен речник кажано, Јаневска и ВМРО-ДПМНЕ заслужуваат недоволен (1). Министерката Јаневска постојано ги навредува наставниците и учениците. Ја доведува во прашање и нивната стручност, тврдејќи дека не знаат да оценуваат, и дури најавува дека ќе им го одземе правото на Наставничките совети да го утврдуваат успехот на учениците, што е спротивно на законот, рече јованче манасков од сдсм.

Министерката Весна Јаневска пак порача дека не дозволува повеќе оценки да се „поправаат“ на наставнички совет под притисок на родители. По повод една година од нејзиното доаѓање на функција на денешната прес-конференција испрати порака до наставниците, родителите и учениците – дека отсега оценките ќе бидат реални, а знаењето – единствен критериум.

Пораката е јасна ако сакате добра оценка мора да учите. Истото тоа наредната година ќе го направиме и за учениците од средно образование. Тоа не значи дека можноста за поправка на оцена им е одземена. Доколку некој ученик смета дека знае за повисока оцена слободно може да полага пред комисија од три члена ако навистина има знаење ќе му биде поправена оцената, вели министерката јаневска.

Изминатата недела се спроведе тестирање во скопската гимназија „Георги Димитров“. Над 200 ученици со просек 5.00 полагаа квалификационен испит за прием, а 27 од нив не беа примени.

Тогаш министерката изјави дека лажните петки се резултат на притисок врз наставниците, а родителите се бранеа дека децата дознале само два дена пред тестирањето и немале време за учење.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена паднала кај охридската населба Канео

Дејан Дејан

Пожар кај селото Јосифово, побарана воздухопловна поддршка

Дејан Дејан

Одложено судењето на Нетанјаху поради дипломатски и безбедносни причини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе