Вести Свет Топ вести

Свадбата на Безос и Санчез во сенка на протестите во Венеција

Милијардерот и основач на „Амазон“ Џеф Безос викендов ќе се венча некогашната новинарка Лорен Санчез во Венеција. Бројни музички ѕвезди, актери како и дел од политичката елита веќе пристигнаа во престижниот хотел „Аман Венис“, додека активистите за човекови права по големиот канал во знак на ревот ја пуштија да плови фигурата во природна големина на Џеф Безос со долари во рацете.

Венеција викендов е центар на светскиот џет сет каде се одржува ѕвездената свадба на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, и Лорен Санчез. Своето присуство го потврдија Мик Џегер, Иванка Трамп, Опра Винфри, Кети Пери и Леонардо Дикаприо, а дел од нив веќе пристигнаа во хотелот „Аман Венис“. Околу 300 гондоли и пет најлуксузни хотели ги отворија вратите за 250 гости. На поканите кои ги добија пишува: без подароци донирајте пари во канцеларијата на УНЕСКО во Венеција. По две години со венчални прстени на рацете Безос и Санчес главната свеченост ќе ја одржат денеска во историското место Арсенал во источниот дел од градот, според одредени шпекулации тие веќе се венчале на приватна церемонија со САД.

Но свадбата поттикна бронји активисти за човекови права кои протестираат против растечка нееднаквост во богатството и непочитување на жителите на градот.

  • „Тие ја уништуваат планетата, само заради бизнисот со пари. Зарем немаат внуци? Што им оставаат?“ – Марио, жител на Венеција.
  • „За мене, во ред, нема толку многу врева. Тој рече дека тоа е најубавиот град на светот, тој даде донација за Венеција и нејзиното зачувување. Не гледам причина за оние кои се против бракот“ – Гвидо, жител на Венеција кој живее во Швајцарија.

Активистите, кои велат дека не ги сакаат парите на Безос, на главниот плоштад во Венеција поставија и транспарент со натпис „Ако можевте да ја изнајмите Венеција за вашата свадба, можете да платите и повеќе данок“, на кој имаше огромна слика од Безос. Но полицијата брзо го одстрани.

  • „Кога супербогат човек ќе пристигне со флота приватни авиони, рамнодушен кон климатската криза низ која поминуваме, изнајмува по свое задоволство град како Венеција, симбол на климатската криза и донира милион евра, а заработува повеќе од 300 милиони дневно“ – Сара, активистка.

Ретко кој од посетителите на Венеција со свои очи ќе го виде гламурот на венчавката, но туристите денеска имаа можност да ја видат фигурата во природна големина на Џеф Безос како лежи на џиновска кутија со натпис Амазон, а во рацете држи долари. Фигурата заврши во Големиот канал и лебдеше покрај гондолите и венециските водни автобуси. За сега нема коментари од свитата на Безос за протестите.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Богоjeски од директор замина за професор во Воена академија каде ќе предава економија на идните офицери

Дејан Дејан

Oд полноќ дизелот поевтинува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе