Вести Македонија Топ вести

Казни и до 2.000 евра за непочитување – забрана за движење во шуми од вторник до крајот на август

Во вторник (1 јули) ќе стапи на сила забрана за движење во шумите и ќе важи до крајот на август, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). За непочитување на забраната за движење во шумите и шумското земјиште, како што посочуваат од Министерството, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.

„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека согласно насоките од Владата како и барањата од корисниците на шумите ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Согласност се издава согласно членот 57, став 3, од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор. Целосната забрана за движење во шумите започнува од 01.07.2025 година и ќе трае се до 31.08.2025 година. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кои управуваат“, соопшти МЗШВ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Муцунски: Ако македонскиот јазик е „говор на омраза“, проблемот е длабок

Дејан Дејан

На 2 јули расправа за ребалансот на буџетот

Дејан Дејан

IN MEMORIAM – Почина професорката Мирјана Поленак Аќимовска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе