Зголемен број на колапси, вртоглавици и несвестици кај младата популација бележат матичните лекари. Високите температури и топлото време ги зголемија и повиците во Итната медицинска помош.
За надлежните институции превентивните мерки се навремено посочени, сепак дел од граѓаните велат дека речиси е невозможно да ги завршат обврските во раните утрински часови, па ризикуваат и во оној дел од денот кога температурата е највисока. Дополнителeн проблем е и јавниот превоз, за кој чекате со часови.
Анкета на граѓани
„Катастрофа што да ви кажам. Зошто ? Па нема автобус, внатре се раскршено, од сите страни дува, во некои клими работат кои ќе те разнесат“.
„Претходно чекав 24 и не тргна како што требаше и апликацијата моментално не работи“.
„Имајќи предвид дека се високи температури дали се климатизирани автобусите да е соодветна таа климатизација, надвор се високи температури, а внатре може и да бидат многу ниски ?
Би рекол дека не доволно повеќето воопшто немаат клима, посебно старите, новите имаат, но само се слуша дека е пуштена, но температурата е иста како и надвор.
Еве сега за наваму 5, 15 од Железничка чекав половина час, така што тоа е“.
Ваквите ситуации за време на топлотен бран го ставаат на тест и елементарното домашно воспитание .
Еве за во автобус, ако сум на овие години не се жалам ќе видам повозрасен човек ќе станам, културно е и хумано е некому да му подадеш рака да го седнеш да не падне, затоа што возрасните се како мали деца им треба помош и не само во автобус, туку воопшто во животот.
Зголемен е и бројот на пациенти со бактериски инфекции, микоплазми, легионели и атипични пневмонии за овој период од годината.
„Пациентите доаѓаат со едни суви надразнителни кашлици кои траат подолг временски период поради употреба на премногу газирани пијалоци, сладоледи и слично. Имаме појава веќе и на гнојни ангини со високи температури како и стомачните вирози кои се очекуваат да се интензивираат во текот на летото.Клима уредите не се чистат редовно и токму таму живеет тие видови на бацили кои што се помеѓу бактерија и вирус, затоа треба барем еднаш во годината, пред да го употребат клима уредот, да биде истиот исчистен“ изјави д-р Драган Ѓорѓиевски, претседател на Здружението на општи и семејни лекари.
Во меѓувреме согласно препораките државните иснспектори за труд спроведоа 65 вонредни инспекциски надзори при што се издадени 9 решенија за забрана за работа за затекнување работници кои биле директно изложени на високи температури.
Нина Стефанова