Вести Македонија Топ вести

Воведни зборови на одбраната во случајот „Адитив“

Одлуките за набавката на адитив за потребите на  на РЕК Битола и РЕК Осломеј поранешните директори не ја носеле самостојно, туку со потпис на управниот и надзорниот одбор, а не биле членови на злосторничко здружение и тендерот бил спроведен законски. Ова беше истакнато во воведните зборови на нивната одбраната на рочиштето за случајот „Адитив“. За неколку кривични дела се обвинети екс директорот на ЕСМ,  Васко Ковачевски кој е во бегство, неговиот наследник Васко Стефанов, како и екс директорите на РЕК Битола, Пеце Матевски и на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ и поранешните комерцијални директори на ЕСМ, Адријан Муча и Данчо Стојановски.

Андријана Димитрова, адвокатата на Ковачевски порача дека тој не можел несовесно да постапува во службата, бидејќи одлуките за јавните набавки се носат колективно.

Васко Стефанов, кој раководеше со ЕСМ по Ковачевски со слична одбрана, одлуките се донесуваат едногласно и тој како директор морал да ги потпише инаку ќе одговарал кривично.

„Обвинителството има паушални и би рекол тенденциозни обвинувања без никаква стручна анализа или покрепа дека биле сведоци на институционална и морална распаднатост на енерегтски систем за време на мојот мандат“ изјави Васко Стефанов, обвинет.

Одбраната на Ардијан Муча тврди дека неговата функција, комерцијален директор не ги опфаќала јавните набавки. Одбраната на  Данчо Стојановски, кој всушност е роднина со сопственичката на фирмата Бреинкод која го доби тендерот со материјално и финансиско вештачење ќе ја докажува неговата невиност.

„Јас сум убеден дека во една законита постапка одбраната ќе докаже дека спроведувањето на јванта набавка за која што се обвинети повеќето ќе докаже дека е согласно сите законски процедури и истата е законито спроведена“ рече Асмир Алиспахиќ, адвокат .

Ивица Ефремов, бранителот на Јорданова, сопственичката на Браинкод посочи дека таа ниту преговарала, ниту договарала финансиски договори и дека постапката за јавна набавка била законита.

Вкупно обвинети се 32 физички и 5 правни лица. Никој од обвинетите на првото рочиште не призна вина. Според обвинителството, адитивот бил со цена неколку пати повисока од пазарната, а на Браинкод ѝ се овозможило да се стекне со имотна корист од 6,4 милиони евра. Дел од обвинетите примале пари, ги пуштале во оптек, извршувале пренос на средствата и подигнувале готовина во износ од 6,7 милиони евра.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Западниот Балкан останува во геополитичкиот интерес на ЕУ

Дејан Дејан

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Жељазков- Кошта: Бугарија нема да поставува нови услови за Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе